Емина Јаховиќ потврди дека се смирила со турскиот милионер

Please follow and like us:
Pin Share

Емина Јаховиќ беше во брак со Мустафа Сандал од кого се разведе и заедно имаат две деца. Потоа, Емина започна врска со друг турски милионер Садетин Саран, а претходните денови во медиумите се шпекулираше дека се разделиле наводно поради изјавата на Емина дека не сака повторно да се мажи.

Новинарите ја сретнале Јаховиќ во трговски центар каде посетувала продавници за спортска облека.

„Одам на скијање со децата, па дојдов да купам работи кои ни се потребни за пат“.- изјавила Емина, а на прашањето дали се смирила со Садетин, таа одговорила:

„Да. Не зборувам во медиумите за такви работи, но вие сте многу слатки, па ќе ви кажам. Еве и последен пат ќе кажам – среќна сум. Многу сум среќна“.-изјавила Емина.

Please follow and like us:
Pin Share