Фантастик бенд сконцентрирани на фамилијарните прослави

Please follow and like us:
Pin Share

Фантастик бенд се сконцентрирани на фамилијарните прослави кои ги имаат во голем број. Бендот се состои од шест членови, а веќе имаат и нивна авторска песна која носи наслов “Дари ми љубов”.

Фантастик бенд се состои од шест млади, но доста искусни музичари. Тие најповеќе ја негуваат македонската народна песна, а во моментов се сконцентрирани на ангажманите кои ги имаат на фамилијарните прослави.

-Моментално преориентирани сме најмногу на свадбарскиот дел, така да немаме  баш некое посебно место или посебна локација каде што би можеле да не видат некој ден што не би било викенд или некоја прослава.-истакна Драган Николовски, еден од членовите.

Пред извесно време тие ја промовираа нивната прва песна “Дари ми љубов”, која има доста интересен ритам.

-“Дари ми љубов одлучивме сите заедно да ја снимиме. Текстот е на наш колега од Гостивар Драган Матески, музиката ја изработи Душко Наумоски, истотака наш колега, а аранжманот е на Јован Василевски од Тетово.-додава тој.

Фантастик бенд снимија видео проект со добро одбрани македонски народни песни во кои што преовладуваат традиционалните инструменти. Тие не го криеја задоволството од остварената прва соработка со ИН Продукција.

Please follow and like us:
Pin Share