Има долго музичко реноме на македонската фолк сцена. Младата струмичанка Стојне Николова неодамна песната која ја отпеа на последното фестивалско издание на “Роса фест” ја овековечи во видео запис.
Конкретно во композицијата “Око мое” таа помеѓу долгогодишната музичка соработка со својот колега и менаџер Бобан Мојсовски, остварува соработка и со познатиот македонски музичар Јане Рафајлоски.
-Со Јане соработуваме веќе сигурно 2-3 години. Тој ми има направено и една преубава песна “Ајде Македонијо”. Навистина сум благодарна и за тоа што зеде учевство во мојот нов видео запис. Со Јане се запознав покрај мојот колега Бобан. Се сеќавам пред три години кога се преселив во Скопје. Има еден многу добар кларинетист, Бобан постојано ми кажуваше за него. Го запознав и навистина се воодушевив кога го слушнав и слободно можам да кажам дека е еден од најдобрите наши музичари на својот саксофон, истакнува Стојне.
Стојне бележи бројни музички срабтоки со повеќето музички имиња од македонската естрада, како и тоа дека добила и неколку понуди за дуетски песни. Посебно ја истакнува соработката со фолкерот Благоја Грујовски, а ги напоменува и повеќето фолк имиња од кои сеуште црпи знаење. Во поглед на дуетите истакнува дека можеби не е дојдено правото време и вистинската песна за реализација на еден тааков проект.