Годинава најавува уште повеќе музички дела

Please follow and like us:
Pin Share

Минатата година ја заокружи со нова музичка инструменталка на неговиот омилен инструмент саксафонот, а за оваа година најавува уште нови бројни музички дела. Малдиот саксафонист од Гостивар Дејан Грујевски не ја склучува можноста за уште поголема и плодна работа на музички план.

-2019 се надевам дека ќе донесе многу убави нешта, како и претходните години, ќе биде една среќна година, оособено за мене дека ќе постигнам многу позитивни резултати во сето ова што го правам. Само да не служи здравјето и се ќе си дојде на свое место, вели Дејан.

Дејан воедно бележи и низа соработки со бројни муички имиња од македонската естрада.

-Имам одлична сорабтока со музичари и пејачи од македонската естрада. Соработката е тековна и во континуитет и спонтана, меѓутоа се надевам на уште поголема сорработка и добри забави за публиката. Посебно сакам да ги поздравам моите гостиварчани, тоа е мојата матица, мојот дух, град кој сакам тој пазар секогаш да остан во моето делување, вели Дејан.

Неодамна Дејан го сними и својот прв видео запис за неговата инструменталка “Модерна фантазија” во соработка со ИН продукција.

 

Please follow and like us:
Pin Share