
Ја бележи својата прва асвтралиска турнеја со најдобрите од Македонија, Анета и групата “Молика”, но и тој е вистински виртуоз на зурлата, Џељо Дестаноски. Сепак неговите впечатоци од оваа прва прекуокеанска турнеја се најпозитивни и неповторливи.
-Чувството е прекрасно. Да се соработува со Анета и групата “Молика ” е за мене нешто посебно. Се знаеме некој долг период, ама прв пат ака турнеја да соработувам со нив и многу ми е мило што бев јас одбран да бидам со нив, истакнува Џељо.
Џело, помеѓу другото е доста воодушевен и од сите убавини кои ги има и нуди Австралија.
-Многу е убаво. Убаво е кога ќе отидеш во некоја земја, далечна. Се чувствува и разлика со Македонија, таму е зима овде е лето. Ама убаво е кога ќе отидеш и повторно си покрај свои луѓе, вели Џељо.
Уште пред заминувањето на Џељо во Австралија, тој објави ново инструментално оро кое е насловено како “Братски мерак” заедно со браќата Нуне. По неговото враќање од Австралија Џељо најавува и нови инструментални дела.
