Анета, Молика и Џељо, незаменлив тим за годинешната австралиска турнеја

Please follow and like us:
Pin Share

Екипа од соништата, кои буквално растураат на нивната турнеја во Австралија. Анета, Молика и Џељо Дестановски како да требаше само да се соединат и отпатуваат во далечната земја.

Тие досега бележат бројни настапи ширум Австралија, особено за празниците кои поминаа Новата година и Божиќ, каде имаат сеуште позитивни и ведри впечатоци.

-Новата година поминавме одлично. Расположението беше на максимално ниво, не можеше подобро. Им честитам на овие прекрасни луѓе од група “Молика”. Ова е големо искуство, воедно и најубавото чувство во мојот живот. Нашите македонци кои живеат во дијаспората ја негуваат македонската музика во право светло. За прв пат сум тука и се надевам дека ќе се гледаме уште долго, истакнува Џељо.

Нивната турјена продолжува и понатака во текот на цел месец јануари.

Please follow and like us:
Pin Share