Фолк пејачката Драгана Мирковиќ на една млада самохрана мајка со две малолетни деца М.П. (24) од
Куршумлија, општина која е само 25 километри од административната линија со Косово и Метохија, и донираше пакети со храна за да ја изненади и да и го разубави Божиќ, најрадосниот христијански празник.
Мајката на двете малолетни деца е без работа и нема никаков друг приход.
„Верувајте ми дека плачев бидејќи, пред се’, ме допре големото срце и добрата душа на Драгана Мирковиќ. И благодарам неизмерно, ќе имаме со што да ја поставиме трпезата за Божиќ. да даде Бог и некоја друга јавна личност за некој друг да направи нешто слично, а Гага е душа од жена и никој не може да ја оспори“, вели таа.
Колкуе големо срцето на Драган Мирковиќ, исто така говори и фактот што таа иако живее во Австрија, сепак организирала луѓе од нејзиниот тим во Белград за оваа млада мајка и нејзините деца да ги направи среќни за Божиќ, највеселиот христијански празник.