Влатко новогодишната ноќ ја мина со ќеркичката и сопругата од која добива целосна подршка

Please follow and like us:
Pin Share

После петнаесет години од неговитепостојани работни ангажмани, оваа Нова година фолк пејачот Влатко Миладиноски ја помина со својата ќеркичка и сопруга. Како што истакнува и самиот, со оглед на преголемиот број ангажмани кои ги имаше како пред Новата година така и сега овие денови, тој се одлучи на ваков потег.

-Одлучив да поминам заедно за новогодишната ноќ со мојата фамилија, со сопругата, со малата ќерка. Затоа што веќе од Божиќ патувам за Канада, имам доста патувања, така да баш таа ноќ ни беше во мирна атмосфера, вели Влатко.

Помеѓу другото, тој додава дека добива огромна подршка од неговата сопруга,која има потполно разбирање за сите негови бројни ангажмани.

-Огромна е подршката од сопругата и разбирањето од нејзина страна. Во слободното време се обидувам , да балансирам да бидам со нив, не дека морам туку од што сакам за себе и мене ми недостасуваат. Се обидувам и за мене и за нив да го балансирам сето тоа, додава Влатко.

Годинава Влатко ќе ја има и големата австралиска турнеја заедно со својот брат Златко и својот роднина Дамјан Стојаноски.

Please follow and like us:
Pin Share