Кирил Белистојаноски со нов албум.
Имено, штотуку излезе деновиве неоговото ново ЦД и како што е редот официјалната промоција ја имаше на ИН продукција. Како што минатиот пт ги промовиравме песните тука кај вас, така и сега сме тука да го промовираме новото ЦД, кое е насловено “Љубена моја”, истакна Кирил. На новото ЦД има седум песни и едно оро.
-Песните се во македонски ритмови, така што има балади, како што е “Љубена моја”, по која е крстено ЦД-то. Таа е карактеристична балада. “Лични охриѓанки”, е мојата прва песна со мој текст, каде што настапив на “Охридски трубадури” 2016. “Запејте другари” е една весела песна со четири четвртински ритам, “Летен дожд ” исто така е во подвижен ритам. Повеќе ритмови, повеќе интересни теми има, мелодии “Алтан срце” последната моја песна, која се сними пред недела дена. Таа ми е посебно драга и интересна. “Љубов да ти подарам” е песна која ја изведов на Лешочкиот фестивал со Милица Кузмановска на музика од Гоце Џуклески. “Златен престен ” и таа е една каратеристична песна, а “Охридска чалгија” веќе во понова џез верзија е снимена тука во ИН продукција, истакнува Кирил.
Во глобала на ова ЦД има песни за сечиј вкус, при што повеќе од очигледно е дека овој албум ќе најде место во голем број музички домашни датотеки и се разбира ќе биде слушано.