Аријана Гранде најави светска турнеја

Please follow and like us:
Pin Share

Аријана Гранде ги израдува своите обожаватели соопштувајќи дека в година ќе замине на светска турнеја

во чии рамки ќе го промовира материјалот од актуелниот албум „Sweetener“. Првиот дел од истоимената турнеја ќе опфати четириесетина концерти низ Северна Америка, односно низ САД и Канада, каде што ќе настапува во периодот од 18 март до 14 јуни, а допрва се очекуваат и датумите за европските концерти.

Сопственичката на хитовите „No Tears Left To Cry“ и „God Is A Woman“ веќе работи и на нов материјал, па во текот на следната година можеме да очекуваме уште едно издание. Во меѓувреме, се чини дека нареден сингл од актуелниот албум „Sweetener“ ќе биде темата „Breathin’“, која се издвои како една од омилените на нејзините обожаватели. Таа неодамна објави и слатко видео со нејзиното милениче Пиги Смолз, па додека ја очекуваме официјалната екранизација, уживајте со слаткото прасенце на Аријана Гранде!
Please follow and like us:
Pin Share