
“Профа бенд” специфично име на македонската музичка сцена.
Звучи интересно име, кое честопати го помешуваат со зборот профи. Како што истакнува професорот Горан Делевски од “Профа бендот”, впрочем е тој кумот на името на овој бенд.
-Разговаравме, имавме повеќе предлози околу името. На крај испадна сепак како кум да бидам јас. Се прифати тоа име. Мене на училиште учениците ме нарекуваат “профа”, и тоа е доста интересно. Екипата јас ја составив, како главен двигател на тоа и така испадна тоа интересно. Честопати знаат да го згрешат името и на фестивали кога ќе одиме не пишуваат “профи” како професионално. Името е “Профа” од професор, појаснува Горан.
Денеска “Профа бенд” го сочинуваат Теодора Велковска и Горан Делевски кои се братучеди со особена љубов кон муиката. Неодамна тие снимија и видео запис за нивната фестивалска “Песно, животе мој”, во соработка со ИН продукција.