
Стефан Величковски најавува спот за неговата песна „Искрен пред себе“. Песната е снимена уште во 2010 година, но Стефан одлучи токму таа да добие и видео кое ќе биде промовирано во најскоро време.
Песната „Искрен пред себе“ од Стефан Величковски наскоро ќе добие и свое видео. Како автори на песната се потпишуваат Лазар и Магдалена Цветкоски.
– Песната ја снимив во 2010 година, но тогаш не снимивме видеозапис и остана така да се врти само на радио. Мислам дека е штета да остане така, затоа во наредниот период ќе претставиме нејзина видео приказна со која повторно ќе ја актуелизираме, но секако ќе има и нови материјали, вели Стефан.
Покрај бројните настапи ширум земјата, тој неодамна одлучи да се проба и во модниот свет, па потпиша и ексклузивен договор со модната агенција „Моделс Ин“ која ќе го застапува во светски рамки за сите модни ангажмани.