
По неговите три нови видео записи, Рубин Благадуша не застанува тука, веќе сними аудио снимки за три кавер песни кои се многу добро познати и малку постари од ресенскиот дел, а веќе е во најава за својот нов албум. Секако, се подготвува и новиот албум, на кој веќе ќе се најдат добри аудио песни, додава Рубин.
-Некаде , крајот на ноември ќе имаме промоција , кој што албум ќе има 15 видео записи и 15 аудио записи. Сепак да оставиме да не зборувам многу, за да биде интересно она што се планира за тогаш како промоција, истакнува Рубин.
Од неодамна Рубин бележи заеднички настапи и со “Позитив бенд”, кој како што појаснува е главниот иницијатор за тие да се оформат како бенд и да ја отпочнат музичката сроаботка заедно со него. Задоволство од ваквата соработка изразуваат и од “Позитив бенд”, кој додаваат дека засега сето тоа функционира беспрекорно.
-Од Рубинчо сме задоволни. Тој е екстра квалитетн вокал , нема збор. Сонароден човек е со сите знае да се однесува, да соработува. Со нас музичарите е доста професионалец. Немаме проблеми, во глобала наоѓаме заеднички јазик и разбирање, истакнуваат од “Позитив бенд”.
Инаку “Позитив бендот” се јавува и како дел од видео записите кои неодамна Рубин ги снимаше во соработка со ИН продукција.