
Дваесет годишниот јубилеен концерт на музичкото училите “Супериор 2” го одбележа со голем концерт.
Ова училиште беше и сеуште е под раководство на професорот и естраден уметник Боби Спасенцовски, каде со многу работа и макотрпен труд јубилејот беше заокружен со еден голем концерт.
“Супериор 2 ” е формирано во 1998 година и е музичко учииште за хармоника а низ него поминале голем број ученици кои ги научиле посебните специфики на овој мошне интересен музички инструмент, кој восебе крие големи тајни и техники на свирење.
-Во ова училиште поминаа многу ученици , хармоникаши, пејачи и клавијатуристи. Голем број од нив веќе се на македонската естрада, во познати бендови. Ова го сметам како голем успех на една долготрајна и макотрпна работа и голем вложен труд. Исто така училиштето може да се пофали и со голем број освоени награди, како Етно фест во Македонија, Сокобања –Ниш и Топола –Србија. Издадени се и две ЦД-а под наслов “Хармоникашки млади надежи” дел 1 и дел2, истакнува првиот човек на училиштето Боби.
Концертот со кој се одбележа овој голем јубилеј, беше одржан изминатиов период а на него настапија и сите досегашни ученици од пколоо, каде дел од нив се претставиле со инструментални дела во придружба на познатите естрадни пејачи како Марјан Коцев, Елена Јовческа, Јуле-Кисми, Андријана Андреевска, Боби Спасенцовски, Милан Кацарски, Хилми Баки и други.
-Се чувствувам среќен и многу горд за тоа што имам ваква класа на ученици и колеги кои ме испочитуваа на овој јубилеен концерт , а би сакал и да се заблагодарам на групата “Мома”, додава Боби.
Кон честитките за овој голем јубилеј се придружуваме и ние од ИН продукција каде изразуваме искрени надежи и желби за уште многу вакви долгогодишни јубилеи и низа успеси.