Почитувани граѓани, оваа сабота во локалот „Арена“ ќе се одржи хуманитарна вечер со цел собирање средства за лекување на Оливер Павлески.
Настанот започнува во 21:00 часот, а за музичката атмосфера ќе се погрижат DJ Хипнотик, Антонио Пејоски и бенд во живо. Организаторите упатуваат повик до сите хумани луѓе да присуствуваат и со своето учество да помогнат во оваа важна акција.
„Да ја покажеме нашата хуманост таму каде што е најпотребно“, порачуваат организаторите.

Воедно, се повикуваат и сите соработници, естрадни уметници, компании, угостителски објекти и поединци кои можат да придонесат во организацијата, да се вклучат и да дадат свој придонес. Секоја поддршка е од големо значење.
Во меѓувреме, останува апелот за заедништво и поддршка, со желба за побрзо закрепнување на Оливер Павлески.
