“Тандеми” вистински глумци во “Гурбет”

Please follow and like us:
Pin Share

Во прекрасниот пејсажен дел на Скопска Црна Гора, групата Тандеми денеска го снимија својот најнов видео запис за песната насловена “Гурбет”. Целиот идиличен амбиент од манастирскиот комплекс Св.Никита, се

вклопи во приказната која членовите од овој бенд ја прикажаа на еден поинаков начин од сите досегашни нивни видео записи.

-Ова е нешто најново од нас и најспецифично досега направено, бидејќи можам да кажам дека се работи за еден необичен видео запис, прекрасна изведба во која е вложено доста труд. Имавме разни улоги. Гледачите ќе видат , да не откриваме се. Се помачивме малку , но мислам дека сето тоа ќе се исплати, истакна Горан Станишев, вокал на групата.

Видео записот всушност претставува еден мошне специфичен запис, во кој самите петмина членови од групата ги одигруваат улогите. Впрочем, како што и сами бевме сведоци на снимањето, тие беа поистоветени со актери од македонските народни приказни, па случајните посетители кои ги имаше денеска во овој манастирски комплекс помислуваа дека се реализира снимање на некоја македонска приказна. Со еден збор , музичарите од групата Тандеми, прекрасно си ја одглумија својата улога.

-Сценариото го осмислив јас. Размислував доста долго, можеби два месеци, како и што да биде и ми дојде до идеја Љупчо да глуми поп, Кире и другиот Кире како музичари , јас сиромав селанец и колегата Дејан исто тука. Јас сум заљубен во поповата ќерка но бидејќи сум сиромав тој не ја дава. Се одлучувам да отидам на гурбет, како што е и насловот на песната , по неколку години се враќам како чорбаџија со пари и ја земам поповата ќерка, накратко го прераскажа видео записот Горан.

Сепак, вложениот труд и напор кој го вложија момците од “Тандеми”, но и музичките звуци преточени низ слика преку Ин продукција се очекува наскоро да го дадат крајниот резултат од ова ново мозучко парче, а тоа е пред се висока позитивна критика од музичката публика и бројните фанови и следбеници на оваа група која 18 години опстојува на македонскта музичка сцена.

Please follow and like us:
Pin Share