“Стари крај” песна со која група “Чардак” настапи на “Гоце Фест”

Please follow and like us:
Pin Share

Постојано се во работни ангажмани, творејќи добра музика за душа. Охридската група Чардак неодамна го бележи и својот настап на неодамна одржаниот “Гоце фест”. Таму настапија со песната “Стари крај” ,прекрасна песна во која се обработува тематиката за двајца одвоени браќа.

-Песната помина прекрасно можам да речам, разни пофалби од сите страни, од сите врвни музичари. Најпрво би сакал да ја поздравам Симона Пејовска таа е автор на текстот , можам да кажам дека е тоа прв текст. Сакаше да се обиде на тој начин , таа живее и работи со нејзината фамилија во Њу Џерси во Америка и се заблагодаруваме и соработката сигурно ќе продолжи понатака. Со неа се сретнав на мојата минатогодишна турнеја во Америка. Таа потекнува од нашиот крај ми ја понуди песната. Ние скогаш сериозно ја сваќаме нашата работа. Видов дека текстот е прекрасен а за да дојде онака како што дојде, за тоа се погрижи и нашиот колега Златко Миладиноски , еден од најдобрите автори на музика и аранжман, истакнува Златко Јолакоски , од гупата Чардак.

Како што додава Златко, тие ја користат буквално секоја минута да се промовира македонската песна, на што непрестано ќе работат на создавање нови песни. Песната ја отпејуваат Златко и Џеват Рамаданоски , како двајца од групата Чардак.

-Секој што има брат во странство ќе се пронајде во песната. Имам двајца браќа, така да исто како да ја пеев за нив. Како со нив да ја пеев песната. Таа е пораката секогаш. Тие ја слушнаа песната. Малку е тешко да се слушне ваква песна кога си надвор од родната земја, надвор од домот, но сепак на некој моменти доаѓа носталгијата и токму ваквите моменти можат да те погодат, вели Џеват.

Охридската група Чардак најавуваат наскоро и снимање видео запис токму за оваа песна, бидејќи песната е добро примена од публиката и има добри моменти како тематски така и музички кои може да бидат преточени низ видео запис.

Please follow and like us:
Pin Share