МАЕСТРАЛЦИ ГОДИНАВА ОДБЕЛЕЖУВААТ ЈУБИЛЕЈ ОД 30 ГОДИНИ

Please follow and like us:
Pin Share

Јубилеј од 30 години годинава ќе одбележи добро познатиот оркестар Маестрал од Битола. Јубилеј кој

нималку не е за потценување како и достоен за одбележување на ниво, бидејќи членовите од групата толку години опстојуваат зедно без никаква промена. Годинава оркестар Маестрал ќе слави јубилеј од 30 години , тоа е за почит  а почнавме во далечната 1988 година како средношколци, вели Иле, член од оркестарот.

-До ден денес успеваме да опстаниме. Еден поздрав до нашиот бивш тапанар , со една измена на оркестарот Маестрал, останатите сме во истиот состав, до Тони Шопевски. Јубилејот ќе го организираме крајот на јули или почетокот на август. Датумот сеуште не е дефиниран. Разговараме околу тоа како сето тоа ќе биде. Пред пет години имавме 25 години јубилеј, ова ќе биде 30 години па сакаме нешто да измениме, да не биди истото, да не се повторуваме, вели Иле од Маестрал.

Инаку, во тек се организационите работи околу целата оваа јубилејна манифестација на Маестралци. Тие не сакаат да откриваат детали, но дополнително ќе бидат соопштени. Секако предвидени се и покани за нивните блиски колеги и музички соработници.

-Се рзбира дека ќе има наши колеги. Планираме тоа да биде во работни денови бидејќи во викенди знаме дека сите од колегите се зафатени и нема да можат да бидат дел, а сакаме да имаме од колегите на нашиот јубилеј, па поради тоа сеуште датумот не ни е дефиниран. Настанот на прославата ќе биде во Битола, додава Иле.

Оркестарот Маестрал и оваа година како по традиција за Новогодишните празници беа на турнеја во Америка каде имаа бројни настапи пред нашите иселеници. За напоменување е тоа што годинава оставија и поголем впечаток со настапот на малечкиот Андреј, кој беше пропратен член на групата.

Please follow and like us:
Pin Share