Дарко Стојаноски настапува на повеќе фестивали, што впрочем последното негово ЦД е цело со песнио од неговите фестивалски настапи. Првиот настап го бележи на “Гоце Фест” во 2002 година.
-Потоа следуваше фестивалот “Филиграни” , најмногу имам настапувано на овој фестивал. Два пати имам на “Лешочкиот” два пати на “Роса фест” така да на тие фестивали сум настапувал, вели Дарко.
Според мислењето на Дарко фестивалите не претставуваат мерило за песната за биде слушана или не, но се поттик за секој пејач да настапи и отпее своја нов песна.
-Еве јас чисто од мене можам да кажам, дека кога има фестивал ќе спремам песна. Секогаш викам сега ќе спремам песна ама некако нема што да те поттикне, затоа сепак е добро што ги има фестивалите. Треба да се подобри, но сепак тие се во позитива, додава Дарко.
Тој најавува нови песни и ЦД во периодов кој следува.