Фаворити бенд од Гостивар со песна за Валандовски фестивал, а најавуваат и албум !

Please follow and like us:
Pin Share

Фаворити бенд од Гостивар подготвуваат нова песна за Валандовскиот фестивал. Тие во моментов довршуваат со уште две песни, а за скоро време најавуваат и албум со авторски песни.

Членовите на Фаворити бенд од Гостивар во моментов ја подготвуваат песната со која ќе конкурираат на Валандовскиот фестивал. Покрај фестивалската песна, работат и на уште две други кои според нив ќе излезат во најскоро време.

-Во моментов работиме на тема со која конкурираме на фестивалот Валандово. Тоа е конкретно за таа тема, меѓутоа претходно имаме две теми коишто се почнати, но не се реално довршени, а имаат тежина, имаат да речеме некоја арија текстовите се направени. Сега сме во фаза кога треба да ги довршиме. Едната е наменска, другата е комбинирана варијанта, па наскоро би требало и тие да се појават.-истакна Драган, еден од членовите на Фаворити.

Од бендот велат дека наскоро ќе го заокружат и нивниот албум со авторски песни, бидејќи тоа е желба на секој музичар.

-Епа искрено целта ни е и тоа. На некој начин да финишираме со една целина од веројатно 8,9 или 10 композиции, повеќето ќе бидат наши авторски, една е на Борче Нечовски текстот, а автор на музиката Љупчо Соколовски-Бубе со која првпат се појавивме на Роса Фест и мислам дека желба на секој бенд, автор или пејач е да завршат во една целина со еден албум. Тоа е на некој начин нивна лична карта со која ќе се претстават пред пошироката јавност.-додава тој.

Тие неодамна го промовираа нивниот најнов видео запис за “Песна за Гостивар”, а со оглед на тоа што досега никој не направил песна за овој град, Фаворити бенд им оставија траен белег на нивните сограѓани.

Please follow and like us:
Pin Share