Има 14 години а е голем виртуоз на кларинет

Please follow and like us:
Pin Share

Младиот Андреј Илијоски остана највпечатлив на неодамнешната турнеја која ја имаа оркестарот Маестрал од Битола. Тој претставува голем виртуоз на својот дувачки инструмент на сите нивни бројни настапи во Америка пред нашите иселеници во дијаспората.

-Имам 14 години , свирам на инструментот кларинет. Учам во нижо музичко училиште во класата на професорот Спире Јовановски. Одам во ОУ Даме Груев. Од мал имав желба, слушав народна музика  и потоа кога почнав во основното училиште изразив желба кон кларинетот и се запишав во нижото училиште, вели малиот Андреј.

Андреј во далечната Америка беше доживеан на сосема позитивен начин од македонците. Толку малечок а прекрасен виртуоз на кларинет, инструмент кој секогаш го поткрева расположението повеќе.

-Имаше секакви реакции , мило ми беше што сите беа задоволни од тоа како настапив и јас сум задоволен од тоа како поминавме од сите настапи. Најмногу ми е мило тоа што така помина, вели Андреј.

Сето ова претставува уште поголем поттик за Андреј да продолжи понатака да свири на овој инструмент и да ја продолжи традицијата од својот татко Рубин кој е дел од оркестарот Маестрал. Секако тато Рубин  е премногу горд што токму малиот Андреј во голема мера чекори по неговите стапки.

-Секако дека сум горд. Првото негово искуство се покажа и докажа навистина во право светло. Не само јас, туку и колегите, мислам дека се горди на него , додава Рубин.

Please follow and like us:
Pin Share