Сакаме да заживее песната и мислиме дека ќе го реализираме тоа, велат од битолскиот оркестар “Маестрал” за нивната нова песна со “Отвори мајко порти широки” која е со свадбарска тематика. Песната најповеќе ја пеат по свадби каде што впрочем настапуваат “Маестрал”. Во оваа песна како гостин на оркестар “Маестрал” се појавува и добро познатиот Филип Нуне кој со својот инструмент ја донесе песната онака како што треба да звучи.
Веднаш потоа најавуваат и нова песна, која ќе биде и таа со наменска тема.
-Другата песна што е веќе направена, треба мајсторот да ја доштима. Песната е снимена и испеана но не стигнавме за да ја отпееме неа тука во студио. Се зборува за крштевка. Зборовите се од еден наш роднина од Австралија, тој ни го даде текстот. Песната е како наменска со име Анастасија тоа е за мое внуче од братучед. Песната се вика “Благослов за Анастасија”. Текстот ни беше пуштен од нејзиниот дедо а музиката и аранжманот го направив јас, ја снимивме тука и останува да ја презентираме, истакнува Саше од оркестар “Маестрал”.
Покрај работните ангажмани на “Маестрал” околу нивните нови авторски песни, истовремено течат и нивните настапи каде што се барани буквално низ целата наша земја.
