Драган Трајановски кој покрај тоа што е дел од гевгелиската група “Зрак” се појавува и како самостоен соло пејач на естрадата. Деновиве при гостувањето во ИН продукција Драган ја промовираше и својата нова песна, која е во седум осмински такт со брз ритам, а е насловена “Наде”.

-Станува збор за една песна работена во македонски стил, народна песна. Направена е од Гоце Касаповски текст и музика, со аранжман на Зоранчо Зрпе, го знаеме сите од група “Бисер”, снимено е кај Славко –Просаунд во Прилеп. Ми направи мерак песната кога ја слушнав од самиот почеток. Со господинот Гоце Касаповски зборувавме пред една година за ова, па му викам направи една песна за мене македонска, за овој крај во Гевгелија да има нешто ново и да се врти, истакнува Драган.
Помеѓу другото Драган планира да се направи и и видео запис за оваа песна, со цел се повеќе да биде застапена во музичкиот етер пред очите на пошироката публика. Драган долги години е застапен на музичката естрада, каде веќе 20 години се занимава со музика, помеѓу другото и како дел од групата “Зрак”, кои со посебен остврт ја негуваат македонската песна.
-Се негува. Доста долго се негува, по свадбените веселби како и приватните забави и рестораните, додава Драган.
Драган заедно со својата група бележат и настапи на некои од фестивалите во нашата земја.
