ТАЈНОТО МЕСТО НА ТОШЕ И ДЕНЕС ГИ СОБРА ФАНОВИТЕ ОД РЕГИОНОТ

Please follow and like us:
Pin Share

Денеска во Крушево со повеќе музички манифестации ќе биде одбележан денот на раѓањето на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески.

Неговите фанови кои ги има речиси од цел Балкан пристигнаа на Гумење, вечното почивалиште на Проески.

Како и секоја година така и денес, традиционално ќе има голема крводарителска акција.

Планирана е ѝкултурно-уметничка манифестација во неговата спомен-куќа. Во чест на Тоше ќе пеат Сотираки Чакалар, Марија Котеска и Елена Ристеска.

Во октомври минатата година постхумно беше промовиран четвртиот албум на поп-ѕвездата насловен како „Тајно место“. Албумот беше сниман во студиото на Енди Рајт, автор на хитовите од претходниот англиски албум на Тоше.

 

Извор : Репортер.мк

Please follow and like us:
Pin Share