Минатата година снимија видео проект во соработка со ИН Продукција, кој беше доста добро прифатен од јавноста. Фантастико бенд најавуваат уште еден проект со преработки на македонски народни песни и ора.

Изминатата година помина доста успешно за Фантастико бенд од Кавадарци. Покрај многубројните ангажмани и настапи кои што ги остварија низ повеќе градови во земјава, тие снимија и видео проект со македонски народни песни во студиото на ИН Продукција. Тие за годинава најавуваат снимање на уште еден видео проект со преработка на познати македонски хитови.
-Одлични коментари добивме за тој проект. Од ИН Продукција сме многу задоволни и еве ја користам оваа прилика да најавам дека ќе има уште еден таков проект со преработки на наши македонски песни и ора.-истакна Орданчо Најдов, еден од членовите на бендот.

Фантастико бенд во моментов подготвуваат и авторска песна за која се надеваат дека ќе излезе во најскоро време.
-Да да, секако дека ќе има нова авторска песна. Подготвени сме и работиме околу тоа.-додаде тој при неодамнешното интервју за ИН ТВ.
Инаку, Фантастико бенд се доста барани на фамилијарните прослави, најчесто во Тиквешкиот регион. Нивната агенда со настапи за годинава веќе се пополнува.
