За следната година Нино Величковски најавува доста новитети

Please follow and like us:
Pin Share

Нино Величковски за следната година има доста големи планови. Иако е тежок период, тој вели дека мора да се создава нова музика.

Без разлика на моменталната состојба со коронавирусот, познатиот пејач Нино Величковски вели дека ќе продолжи со интензивна работа и со снимање на нови песни. Тој вели дека во оваа тешка ситуација, музиката е лек и затоа мора на народот да им се подари квалитетна музика.

-Пред само краток период настапив на Охрид Фест и освоив втора награда од стручно жири со прекрасна песна на Филип Неделковски, тој е млад човек кој навистина напиша една Ода за песната, аранжманот е на Цане Петров и се гордеам што бев дел од фестивалот Охридски Трубадури на кој настапувам 14-15 години. Значи еве за скоро месец дена две нови песни. Продолжувам да работам и со Тамбурашите и солистички. За в година имам нови планови, без разлика на коронавирусот и се што се случува мора да се создава нова музика, нова песна, како нова љубов како нова рожба впрочем и треба да се живее за музиката.-вели Нино за гледачите на ИН ТВ.

Нино со песната “Мераклија” настапи на годинешното издание на Кумановскиот фестивал на шегобијна песна Тумба фест. Тој досега има остварено вкупно седум настапи на овој фестивал, а во интервјуто за ИН ТВ, Величковски истакна дека е презадоволен од организацијата на Фестивалот надевајќи се дека истиот ќе остане како една убава традиција и уште долги години ќе опстојува.

Please follow and like us:
Pin Share