Пејачката Бритни Спирс ја загуби правната битка да се ослободи од татко ѝ, кој ѝ го контролира животот полни 12 години.

Американскиот суд во вторникот го отфрли обидот на Спирс да го отстранат татко ѝ како конзерватор на нејзиниот имот.
Џејми Спирс (68) е законски старател на својата ќерка и има целосна конрола над имотот и средствата на поп-принцезата веќе 12 години поради наводна загриженост за нејзиното ментално здравје.
Адвокатот на Спирс тврди дека таа се плаши од него и дека нема да настапува сè додека тој остане во таа улога. Но, адвокатот на татко ѝ тврди дека тој секогаш постапувал во најдобар интерес на својата ќерка.
Судијата рече дека ќе ги разгледа идните жалби за негово разрешување или целосна смена. Во меѓувреме, по барање на Спирс, финансиската компанија „Бесемер траст“ е назначена за костарател.
Сè почна во 2008 година кога по низа проблеми со менталното здравје на Бритни, судот ги стави нејзините недвижности, финансиски и лични средства, под конзервација на татко ѝ. Правниот застапник на Бритни поднел правни документи во кои се бара Џејми Спирс да биде заменет засекогаш, при што нејзиниот менаџер Џоди Монтгомери да ја преземе улогата на нејзин старател.
