Каде и да се појави, Елена Јовческа ги собира сите погледи од јавноста. Таа имаше доста впечатлив настап на Изборот на Летен Фолк Хит каде што учествуваше со песната “Чорбаџија”.

Една од најбараните фолк пејачки во Македонија, Елена Јовческа пред само краток период учествуваше на Изборот на Летен Фолк Хит во Општина Новаци, каде што имаше одличен настап со нејзината песна “Чорбаџија”.
Таа во неодамнешното интервју за ИН ТВ накратко ја раскажа и приказната на оваа песна, во која е опишана една голема и вистинска љубов.
-Музиката и аранжманот за песната “Чорбаџија” се дело на мојот колега Бобан Мојсовски, а текстот е на Елена Јовческа, односно се погрижив лично јас. Станува збор за љубовна песна во која се зборува за една девојка која е заљубена во едно момче, но момчето не е толку богат и не е чорбаџија, а нејзините родители ја даваат само на чорбаџија. Меѓутоа тој оди во туѓина, па се враќа и ја зема девојката за своја невеста.
Само што дојдов одма ми ја побараа “Грешна љубов”, но одлучив да настапам со “Чорбаџија” бидејќи е народна песна и мислам дека точно за овој амбиент потребна ми е таа песна.-вели Јовческа за естрадниот магазин Естрада плус.

Елена не го криеше задоволството од прекрасната организација на фестивалот и секако одличната дружба со нејзините колеги од естрадата, но и комуникацијата со тамошната публика.
-Многу ми е драго што после долго време еве вака се собравме заедно, пред се да се видиме, да поразговараме и да пееме, се разбира и малку да се расположиме ние, но да го расположиме и овој народ кој беше долго време дома.-додава таа во интервјуто за ИН ТВ.
Јовческа неодамна во студиото на ИН Продукција го претстави нејзиниот најнов проект. Станува збор за Mashup, односно микс составен од познати забавни песни.
Секако дека Елена тука не запира. Таа секогаш знае да ја изненади јавноста со нешто ново, а така ќе биде и во следниот период бидејќи подготвува доста новитети за нејзините фанови.
