Теодора Џехверовиќ направила вистински хаос на бензиска пумпа

Please follow and like us:
Pin Share

Атрактивната Теодора Џехеровиќ веќе неколку дена ужива во Златибор заедно со своето момче Нино Ќелебиќ. Пејачката времето го користи да биде многу активна и на социјалните мрежи, па затоа и е многу важно нејзините фотографии од одморот да бидат совршени. Во прилог на тоа зборува и ситуацијата од бензинската пумпа каде што Џехеровиќ предизвикала општ хаос.

Имено, таа и Нино полнеле гориво, купиле мали ситници за патувањето, а потоа замолиле еден од вработените на пумпата да ги фотографира. Бидејќи на Теодора не и се допаднал начинот на кој биле направени фотографиите и како таа излегла на сликите, нивното позирање потрајало уште некое време, по што се направила поголема колона на пумпата и се создал метеж.

„Теодора се приближи до еден од работниците и го замоли да ги фотографира со нејзиното момче. Тој се согласи, па таа и Нино позираа неколку минути. Во меѓувреме, се формираше цела колона автомобили зад нив, а работникот продолжи да ги фотографира во различни пози, сè додека не направи фотографии што и се допаѓаат на Теодора. Луѓето почнаа да стануваат нервозни, да свират, но откако забележаа дека тоа е Теодора, ја препознаа, па трпеливо чекаа да им го ослободи местото и да го остави следниот возач да наполни гориво.“ – изјавил еден очевидец.

Откако завршиле со нивното „дизел селфи“ на бензинската пумпа и тргнале кон Златибор на Теодора и нејзиното момче им се случил тежок малер. Не една, туку пукнале две гуми на нивниот автомобил, па пејачката и нејзиниот сопатник останале сами на половина пат среде планинска пустелија.

Како успеале да се снајдат не знаеме, но од фотографиите направени подоцна и објавени на социјалните мрежи јасно е дека Теа и Нино, сепак некако стигнале до Златибор.

Please follow and like us:
Pin Share