Саша Ковачевиќ за љубомората во врската: „Со Зорана се слушаме 105 пати дневно“

Please follow and like us:
Pin Share

Српскиот пејач Саша Ковачевиќ е миленик на женската популација, но неговото срце го освои убавата Зорана за која тој знае дека е жената на неговиот живот.

Неодамна се шпекулираше дека Саша ќе стане татко, но менаџерот на пејачот ги негираше ваквите гласини. Сега за магазинот Свет, Ковачевиќ зборуваше за неговата љубовна врска, љубомората, бракот…

На прашањето дали неговата девојка е љубоморна тој вели:

-Уф (смеа) Кога сум на тренинг ме бара барем пет пати. Сега е ладно па со брат ми тренираме сами во теретана, бидејќи така повеќе ни одговара. Ние генерално се слушаме 105 пати дневно. Шегата на страна потполно е нормална, таа најмногу ја разбира природата на мојата работа, како и во однос на поранешните. Мене тоа многу ми значи, вели Саша коментирајќи ја врската со Зорана, а кога е свадба во прашање и двајцата би сакале тоа да се случи на некоја егзотична дестинација.

Please follow and like us:
Pin Share