Коронавирусот се уште „дивее“ по светот, секојдневно забележувајќи илјадници и илјадници заболени, но и голем број на жртви на оваа болест во 2020та година.

Од почетокот на годината, светот е ставен на пауза поради короната, па оттогаш живееме со ограничувања навикнувајќи се на новиот тежок период.
И додека во светот, и во Македонија се бележат рекордни бројки на позитивни на Ковид 19, Австралија може да прогласи победа над короната. Имено, по 110-дневниот карантин, во Австралија за 24 часа се потврдени само 4 нови случаи и се претпоставува дека за 3 недели државата ќе може да се врати во нормала.
Македонската фолк пејачка Татјана Лазаревска која повеќе од 5 години заедно со нејзиното семејство живее во Австралија, изминатиот период додека во Македонија владееше вонредна состојба, карантин, полициски час се јавуваше во Македонските телевизии и емисии во живо и откриваше каква е состојбата во Мелбурн.
Таа често снимаше и лајв видеа, одржуваше концерти од дома со цел да го расположи народот во овој лош период. Меѓутоа, сега по намалување на бројот на заболени и речиси победата на короната во Австралија, Лазаревска ги полни батериите.
Со оглед на тоа дека во Австралија владеат различни температури од Македонија, фолкерката одлучи деновиве да се одмори на плажа.

Според објавите на Инстаграм таа сега започнува да ужива во летото.
На една од последните фотографии, Татјана е во бикини на плажа, под зраците на сонцето фаќајќи витамин Д, кој е и значаен против Ковид 19.
Нема сомнеж дека пејачката ужива, а се надеваме дека до следното лето ќе заврши короната, па за разлика од оваа година ќе може да уживаме и ние на некоја егзотична дестинација.
