По извонредниот настап на Престон, Џесика се враќа на ангажманите во Македонија

Please follow and like us:
Pin Share

По извонредниот настап на Џесика Палашоска на Престон, Шампионскиот бал во Мелбурн Австралија, таа се враќа во Македонија каде што продолжуваат нејзините ангажмани. Како што истакна таа уште пред да замине на краткото патување во Австралија, во следниот период следува снимање на нови песни, но и комплетирање на албум.

Атрактивната пејачка Џесика Палашоска изминатите денови престојуваше во Мелбурн, Австралија каде што имаше успешен настап пред нашинците кои живеат во оваа далечна земја. Таа на 21-ви септември настапи на Гала вечерта, односно на Шампионскиот бал организиран од Македонскиот фудбалски клуб Престон.

Џесика на Шампионскиот бал пееше исклучиво македонски песни, а нејзиниот голем хит Една е Македонија, беше меѓу оние песни кои што ја одбележаа вечерта, поради која што и специјално тргна на ова далечно патување. Инаку, таа беше придружувана од Легато бенд и Марјан Васкоски со кои помина прекрасна вечер, која уште долго ќе ја памети.

Но, за жал, ова кратко патување за неа во Австралија заврши и таа веќе се враќа во Македонија каде што продолжуваат нејзините ангажмани. Следно е снимањето на нејзините нови песни и комплетирање на новиот албум.

-Да, да секако можам да најавам албум, меѓутоа не би сакала да зборувам предвреме затоа што кога и да кажеме нешто однапред, потоа нема можда и да биде. Но, како што размислував имам јас веќе неколку песни кои што не се наоѓаат на мојот претходен албум, па и новите кои што ги снимам мислам дека ќе бидат доволни да комплетираме уште еден албум.-истакна Палашоска, за естрадниот магазин Естрада плус.

При неодамнешното гостување во ИН ТВ, таа изјави дека веќе е одморена и дека е време за нови бурни периоди, исполнети со многу работа.

-Од истата причина која ја наведив. Затоа што мислев дека тој период треба да се повлечам и го исполнив тоа. Работам доста години и едноставно се осетив дека ми треба период за мене, да си одморам и да можам да продолжам понатаму. Тоа според мене беше супер, поради тоа како што кажав веќе следи нов бурен период со настапи, како надвор така и тука во Македонија, така да веќе сум одморена и спремна сум за работа.-додава сексипилната русокоса, при интервјуто за ИН ТВ.

Џесика на сцената се враќа со полна енергија и вели дека е подготвена за сите нови предизвици кои што следуваат.

Please follow and like us:
Pin Share