Дарко Стојаноски со три нови фолк песни со различна тематика

Please follow and like us:
Pin Share

Фолкерот Дарко Стојаноски неодамна промовираше три нови песни. Станува збор за нови фолк рефрени “Пуста да е туѓина”, “Зошто лажеше” и “Денес свадба правам”

-Една од песните “Пуста да е туѓина”, воопшто не ја имаше ни на јутјуб , за разлика од другите две песни “Денес свадба правам” и “Зошто лажеше” ги има но сепак немавме доволно обратено внимание и редно беше и за нив , заслужуваат едно мало внимание, истакнува Дарко.

На една од песните како автор се јавува Дарко, а тоа е песната “Зошто лажеше” која има љубовна тематика.

-На песната “Зошто лажеше”, музиката и текстот се ој, додека пак аранжманот е на братучедми  Златко Миладиновски. Додека пак на “Пуста да е туѓина ”музиката и текстот се на колегата со мене што свири на саксафонот Никола Петровски , а аранжманот на Сашо Ливрински. Исто така и за песната “Денес свадба правам”, музика и текст се на Никола Петровски а на Љупчо Бубе, е еранжманот, истакнува Дарко.

Станува збор за позитивни и ведри фолк песни, по кој што е веќе препознатлив Дарко, од своите почетоци по кој што го памети публиката и неговите обожаватели. Како што најавува Дарко ќе продолжи и понатака во овој ритам, но не ја исклучува можноста да се појави и со песна која би имала поинаков стил, нешто што можеби понатака ќе го побара публиката од него.

Please follow and like us:
Pin Share