Еден од најдобрите вокали во земјава најавува турнеја во Австралија

Please follow and like us:
Pin Share

Во преговори за турнеја во далечната Австралија е нашиот познат пејач Далибор Даки Ѓошиќ. Тој се надева дека се ќе биде добро и дека ќе има можност конечно неговите хитови да ги презентира пред фановите во Австралија.

Далибор Даки Ѓошиќ поседува доста моќен вокал и важи за еден од најдобрите пејачи во Македонија. Тој секогаш работи на нешто ново, на снимање нов материјал, а зад себе има бројни хитови. Во интервју за ИН ТВ тој ексклузивно открива дека периодов е во преговори за турнеја во Австралија, па наскоро ќе ги извести неговите фанови кога ќе се случи истата.

-Има некоја најава за Австралија, за тоа ќе дознаат сите и  можеби некои што ме познаваат каде работам јас веќе дознаваат за што се работи. Така да, очекуваме да бидеме одбрани и да бидеме на некој начин амбасадори, да презентираме нешто што треба да се случи во Австралија, така да еве оваа прилика ќе ја искористам да ги поздравам сите нашинци во Австралија, каде што се надевам дека за скоро ќе сум, бидејќи имам премногу коментари и пораки во мојот телефон…Кога и зошто сеуште не си дојден, искрено не сум бил така да мислам дека е време конечно да ја презентирам мојата песна, затоа што како и јас на огромно задоволство, така и моите пријатели и фанови од Австралија, моите другари и познаници , мислам дека треба  веќе да ме очекуваат за скоро. За кога точно, за краток период мислам дека ќе дознаеме.-раскажува Далибор, за гледачите на ИН ТВ.

Тој се надева дека ќе се оствари оваа турнеја бидејќи има навистина доста барања од тамошната публика и конечно ќе може да ги претстави неговите песни пред нашинците во Австралија.

Please follow and like us:
Pin Share