Сузана Спасовска се подготвува за голем животен проект-Свадбата на нејзината ќерка

Please follow and like us:
Pin Share

Сузана Спасовска периодов пред себе ќе има за реализација голем животен проект. Станува збор за свадбата на нејзината ќерка, а после тоа најавува низа изненадувања за нејзините обожаватели.

По спектакуларното издание на “Лешочки фолк фест 2019” кој што успеа повторно да го организира, пред Сузана Спасовска е уште еден голем проект. Како што открива таа, станува збор за животен проект, а тоа е свадбата на нејзината ќерка. Откако ќе помине тој голем настан, Сузана најавува бројни изненадувања за нејзината публика.

-Од мене публиката треба да очекува многу, меѓутоа мене сега овој проект ми заврши, а следниот проект ми е свадбата на ќерка ми, тоа е еден голем животен проект. Потоа веќе мојата публика може да очекува многу многуу, да не набројувам, но само кратко ќе кажам. Моите шест цд-а излегоа со мојата малечка монографија од 120-130 страници и веќе наредно е ново цд, односно албум од три цд-а, а ќе следуваат уште неколку изненадувања кои што не можам да ги откријам бидејќи секогаш ме копираат. Затоа сега ќе си молчам и само ќе ве изненадам.-истакна Спасовска, при неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Покрај тоа што е директор на “Лешочки фолк фест”, Сузана секако дека не можеше да одолее, а да не застане на сцена пред публиката.

Спасовска настапи претпоследна со песната “Среќо мајкина”, за која текстот го напиша самата таа, а музиката и аранжманот се дело  на Дејан Миленковски.

Please follow and like us:
Pin Share