Големиот Маестро од Македонија, хармоникашот Сашко Велков синоќа нааправи незаборавна музичка вечер. Салата од хотел “Амор” од Кочани беше претесна за да ги собере на едно место сите големи музички виртуози.

Вештите хармоникашки имиња од нашата земја како што се маестро Милан Завков и Сашко Велков без здив ја остави присутната публика од магијата која едноставно ја твореја на својот инструмент. Нималку не се разликуваа од нив и големите инструментталисти од соседна Бигарија, хармоникашот маестро Пламен Димитров и големиот виолинист Ѓорги Јанев.
Едноставно целата таа музичка магија траеше до доцна во ноќта а само присутните можеа да ја доловат и почувствуваат реалната слика и најпозитивната музичка енергија која се испреплетуваше низ рацете на вештите виртуози.

Констатацијата од страна на сите музичари беше една дека во голема мера е потребно да се организираат вакви музички вечери, пред се најповеќе поради заедничките дружења и пријателства попмеѓу музичарите но и истакнување пред очите на јавноста на сето она што овие големи виртуози знаат да го дадат и направат на својот инструмент.

