Покрај бројните работни ангажмани и настапи гостиварската група “Фаворити” минатата година одбележаа и учевство на Лешочкиот фестивал, каде отпеаа наменска песна за сите невести која носи наслов “Невеста бела самовила”. Групата е презадоволна како од настапот на фестивалот, така и прифатеноста на песната од страна на публиката, особено при пеењето на нивните свадбени свечености.
-Песната мислам дека помина добро, со оглед на тоа што не беше премногу промовирана и самиот фестивал е доста следен, популарен. Добро помина. Исто така таа песна е од свадбарски карактер, сакавме тука да ги доловиме, невестите и доста помина добро, меѓутоа треба уште малку промовирање. Веќе почна да се користи по живите свирки , тоа е за нас големо задоволство. Тоа ни е нас последната песна што ја имаме нешто најново извадено така да очекуваме уште да се промовира и се повеќе да биде популарна. Најбитно ни е да се допадне песната на народот, истакнува Горан од “Фаворити”.
Песната “Невеста бела самовила” е авторска песна на оваа група, каде во повеќе наврати се јавуваат и како автори и на други нивни песни. Неодамна “Фаворити” снимија и нов музички видео проект во соработка со ИН продукција во кој се вметнати исклучително одбрани македонски песни, нешто што долго време оваа група го негува на естрадата.
