“Отвори мајко порти широки” е насловена новата песна на битолскиот оркестар “Маестрал” каде и самиот наслов на песната појаснува дека се работи за песна со свадбарка тематика. Како што истакнуваат маестралци, песната досега ја промовираат на повеќето свадбени свечености каде што настапуваат и е многу добро прифатена од страна на публиката.

-Песната е авторска, лично на оркестар “Маестрал”. Текстот е мој, а аранжманот како и секогаш на нашиот Аце Петковски.останатите си ги свират своите инструменти. Песната е свадбарска. Мислам дека ќе биде добро прифатена од публиката затоа што во меѓувреме кога дојдовме од Австралија, прв пат во живо ја свириме тука имавме неколку фамилјарни веселби , реакцијата на луѓето ќе најавиме дека песната е наша и прв пат ја свириме во живо и со поголемо внимание ќе ја ислушаат, добиваме доста аплаузи. Се надевам дека дека песната ќе заживее, меѓутоа и медоумски реклами се потребни на песната, па и спот, нека се затопли времето со ИН тв. Сакаме да заживее песната и мислиме дека ќе се пее, претежно по свадби, истакнува Иле од оркестарот.
Во меѓувреме “Маестрал” подготвуваат и друга нова песна за која открија дека ќе биде исто така наменска но овојпат за крштевка.
