Последните години популарната пејачка Даниела Мартиновиќ се поврзува со духовноста, а сега изразила желба да оди во манастир каде би запишувала и на луѓето би им ги пренела бенефитите од молчењето…
„Никогаш не сум била посреќна во животот, ги фрлив сите маски. Тие не се лажни, но се наметнати“, рекла Даниела Мартиновиќ (47) за емисијата „Ексклузив“ на НоваТВ.
Даниела со години има успешната кариера која ја започнала во осумдесеттите години, до денес си остварила многу деловни идеи и желби. Но, Даниела открила дека не била секогаш среќна.
„Постојано сфаќав дека сум незадоволна со тоа која сум. Знаев дека сум поинаква и дека, без оглед на тоа што мислат другите, имам потреба да се изразам“, изјавила пејачката.
Мартиновиќ ја спознала и потребата да мотивира, помогне, охрабри, утеши бројни и тоа преку човечки приказни и нивните пораки.
На тој пат се сретнала и со професорот Балдо, а до него ја довела блиската пријателка и колешка Дорис Драговиќ (57), а Сплиќанката искрено признала што сака да си оствари во животот.
„Желба ми е да одам во еден манастир и неколку дена да бидам во програмата за молчење. Потоа би запишувала и би им пренела на луѓето кои се бенефитите од молчењето“, открила пејачката.
Последните години Даниела се поврзува со духовноста, но таа објаснила и’ што точно и се случило:
„Никогаш не сум сакала да бидам некаков ’life coach’, никогаш не сум сакала на тој начин да им пристапувам на луѓето туку моја искрена намера била да почнам со пишување на Šalabahter život’ (Дневник на животот), некакви свои љубови кои сум ги минала, а духовноста е моја голема љубов веќе 13. години“, изјавила пејачката.
Како што самата признала, слушала разни предавачи и, како што вели,од нив многу научила, а желба и е преку сопственото искуство да им помогне на другите.
„Мојот живот станал нешто потполно друго, нешто подлабоко, нешто вредно на мене самата пред себе дека моја желба е да подучувам други дека може да се влезе во страв, но дека можете да се ослободите од него, дека може да се мине низ тага и да се биде подобар човек, дека може да се биде најдобра верзија на себе и дека не треба да се чека одобрување од луѓето за да знаете дека сте на исправен пат“, рекла пејачката на која желби не и недостастуваат.
