Поголем број од песните се нивни композиции

Please follow and like us:
Pin Share

Фаворити бенд при гостувањето во ИН телевизија изјавија дека соработуваат со сите музички имиња од македонската естрада но тие најчесто настапуваат сами. Исто така бендот во секое време е отворен за секаква соработка со други музичари од естрадата.

-Соработуваме со цела естрада на Македонија, но најчесто сме сами по што имаме вокал и сите потребни инструменти за свирење на македонските песни. Настапуваме на фамилијарни веселби но и ако има некој пејач желба ние сме отворени во секое време за соработки, велат од бендот.

Од бендот изјавија дека тие се и текстописци на повеќето од нивните песни, а успехот во тоа е благодарение на трудот што го вложуваат сите членови во бендод. Исто така споделија дека текстовите од нивните песни го претставува нивниот бенд.

-99% од начите песни ги пишуваме и компонираме самите ние. Сите гледаме да го вложиме максималниот труд во групата. Ние имаме доволно изживеано така да текстовите од нашите песни го опишуваат нашиот бенд и го исполнува нашиот репертар, истакнуваат од бендот.

Бендот, летниот период кога е нај активен за нив тие го поминуваат заедно во свирење и активно настапување, но сепак тие наоѓаат време да бидат и со своите семејства. Во зимскиот период тие    имаат повеќе време за себе и за компонирање на нови песни кои пред Велигденските празници ги создаваат и снимаат.

Please follow and like us:
Pin Share