Спасен и Дамјан со заедничка дует песна

Please follow and like us:
Pin Share

Познатиот и најповеќе баран на бројни свечености и веселби Спасен Силјаноски веќе најавува снимање на нови песни како и дует песна со својот колега Дамјан Стојаноски. Како што открива Спасен при гостувањето во ИН продукција станува збор за преработка на една стара и подзаборавна македонска песна, која испаднало прилика да се отпее во една нивна седенка сосема случајно, па од тука се родила таа идеја да се направи дует.

-Ние сме веќе во фаза на преработки на музиката и аранжманот. За неколку дена треба да се снимаат уште вокалите, се надвеам дека за брзо време ќе биде готова и ќе ја промовираме повторно тука, новата верзија на таа песна, истакнува Спасен.

Спасен открива и како дошло до тоа, сосема случајно се родила идејата.

-Седевме дома ја пеевме таа песна. Јас свирев на хармоника и пеевме заедно со Дамјан. Еден наш другар не снимаше и ја ставил на Јутјуб. Имаше многу коментари голема гледаност, па во коментатрите имаше многу дека бараат песната да ја снимиме на носач на звук. Така одлучивме да ја снимиме таа песна. Поприлично сум сигурен дека финалниот производ ќе биде доста интересен, повторно за оние кои што се стремат и го сакаат тој стил и тој вкус, вели Спасен.

Помеѓу своите постојани снимања на нови песни Спасен во периодо кој следува ќе биде и доста работно ангажиран со бројни настапи како во нашата земја така и надвор од Македонија.

Please follow and like us:
Pin Share