
Пејачката Катарина Грујиќ призна дека била со оженет маж, но не го откри неговиот идентитет.
Пејачката и некогашната „Ѕвезда на Гранд“ призна дека момчето успеало да ја излаже.
„Имав ситуација да бидам во врска со момче, а не знаев дека е оженет. Тој ми велеше дека има документи за развод“-изјави Грујиќ.
Водителката ја праша дали мисли на фудбалерот на кој сега му пронаоѓаат 1000 љубовници, поточно Огњен Врањеш.
„Нема никого да именувам“-одговори Грујиќ.
За потсетување, Катарина беше во врска со босанскиот фудбалер кој наводно имал афера и со Јелена Карлеуша.