Џастин Бибер стана дизајнер

Please follow and like us:
Pin Share

Пејачот покренал сопствен бренд за облека, под назив „The House of Drew“, а од вчера на официјалната веб страница во продажба е и првата линија.

Оваа колекција е видно инспирирана од „Yeezy“ дизајнот, позади кој се потпишува Каније Вест, а освен неутралните, предимензионирани парчиња, тука е и маицата и дуксерот со големи смајлиња и натпис „Drew“. Хајли гордо се прошетала во таков дуксер од новата колекција.

Изгледа дека Бибер и по тоа прашање се угледал на колегата музичар и дизајнер Каније Вест, кој исто така својата сопруга Ким Кардашијан ја користи како подвижна реклама за својот бренд.

Џастин и Хајли непосредно пред Нова година на Инстаграм ги рекламирале папучите од личниот бренд, но тогаш не откриле дека позади нив се потпишува токму Бибер.

Please follow and like us:
Pin Share