
Многумина зборуваат дека ќерката на Бијонсе и Џеј Зи, Блу Ајви Картер која има седум години неверојатно личи на својата славна мајка, а сега сите шпекулации се потврдија само со една единствена фотографија.
Бијонсе на својот Инстаграм профил сподели фотографија од својата наследничка која потполно стана вистински хит на интернет.
На фотографијата од левата страна се наоѓа Бијонсе кога имала седум години, додека од десната страна се наоѓа нејзината ќерка Блу исто така на седум години.