Не личи на себе : Мадона повторно ја шокира јавноста

Please follow and like us:
Pin Share

Кралицата на поп-музиката Мадона отсекогаш сакала да експериментира со модата и да ги диктира трендовите. Меѓутоа, веќе со години има платинесторуса боја на косата.

Taa сега има кратка црна коса, изгледа речиси непрепознатливо, а со таа промена уште еднаш успеала да ја шокира јавноста. Пејачката со години експериментирала со бојата на косата и фризурите, но секогаш се враќала на платинесторусата боја.

Последен пат била црнка пред три години, но и таа љубов кратко траела. Деновиве објавила две фотографии на Инстаграм на кои има кратка црна коса и изгледа речиси непрепознатливо. Не се знае дали Мадона навистина ја скратила и бојадисала косата или можеби станува збор за перика, но во едно сигурно успеала: да предизвика реакции.

А дали кралицата на поп-музиката навистина се решила за драстична промена на изгледот или станува збор само за привремена промена, времето ќе покаже!

Please follow and like us:
Pin Share