Анета со трајна шминка од германската новогодишна турнеја

Please follow and like us:
Pin Share

Постојано е во центарот на сите современи збиднувања и покрај се побројните нејзини работни патувања, ангажмани и настапи. Фолкерката Анета Наковска нејзиниот ноговодишен ангажман го имаше во Германија од каде понесе доста позитивни импресии и многубројни дружења со македонците кои се во голем број во Германија.

-Трнејата беше супер. Имам преубава соработка и респект со “Пелагониски мерак” , за прв пат во состав со хармоникашот Виктор Станчевски, синот на тапанарот Драги од “Пелагониски мерак” и Ице Сакс, таа екипа за прв пат бевме и преубаво поминавме. Во Берлин бевме за дочекот кај наши многу драги пријатели во ресторан “Македонија” кај Живко и Нада. Имавме дури и кинескини за дочекот. Беше навистина интересно. Потоа Фулда имавме еден концерт и најголемиот, најубавиот концерт беше за Стара Нова година во Нинберг во црквата. Огромнна сала која се преполна со голем број македонци, истакнува Анета во изјава за ИН продукција.

Она што посебно го истанува Анета како спомен кој го направила од оваа турнеја е нејзината трајна шминка. Впрочем како и секогаш без влакна на јазикот Анета отворено кажува дека трајната шминка ја направила со многу голем квалитет и по иста цена како во Македонија, но со послаб квалитет.

-Спомен ми е од оваа турнеја трајна шминка, односно кармин и веѓи како трајна шминка, за иста цена како кај нас во Скопје што прават само многу поквалитетно и со скапи поквалитетни бои. Кај нас чини устата и 50 евра поскапо, а јас целосната шминка ја направив многу поквалитетно, отворено кажува Анета.

Во периодов кој следува Анета најавува и снимање на нови песни како и во скоро време издавање на нов албум.

Please follow and like us:
Pin Share