Лајв бенд Скопје : Млади музичари кои ја негуваат исклучиво македонската песна

Please follow and like us:
Pin Share

Лајв бенд пред скоро време снимија нивно самостојно шоу кое е доста прифатено од јавноста. Ова е за нив прва соработка со ИН Продукција, а момците не го криеја задоволството од истото.

Пред извесно време момците од Лајв бенд снимија самостојно шоу кое беше доста прифатено и гледано за време на Новогодишните и божикни празници. Нивниот проект е составен од исклучиво познати македонски народни песни, кои се отсвирени и отпеани во живо, а во нив вклучени се и традиционалните инструменти.

-Имаме ставено и зурла и кавал во овие музички нумери кои што ги снимивме за шоуто. Да ја искористам оваа прилика и да ги  претставам сите членови на Лајв бенд-Скопје. Марјан на гитара, Никола Волканоски на бубњеви и тапан, Роберт Ангеловски на хармоника, зурла, кавал и сајзер, Иван Божиноски на виолина и бас, Даниел на дувачки инструменти саксофон и кларинет.-истакна Орде Неделковски, вокал на бендот, за естрадниот магазин “Естрада плус”.

Со оглед на тоа што ова е прва соработка за Лајв бенд со ИН продукција, Орде во името на целиот бенд потенцира дека се презадоволни, а за во иднина се надеваат дека соработката ќе биде на уште повисоко ниво.

-Искрено сме презадоволни, онака како што најавивме пред одреден период, така и сега. Поздрав уште еднаш по ИН Продукција. Прекрасна соработка која се надевам дека ќе трае и понатаму, нема да заврши само со овој проект.-додава пејачот при интервјуто за ИН ТВ.

Инаку, Лајв бенд зад себе ги имаат двете авторски песни “Да си прашам за неа” и “Туѓина била маќеа”, како и најновото инструментално дело кое носи наслов Ангелово оро, а зад кое се потпишува Роберт Ангеловски.

Please follow and like us:
Pin Share