(ВИДЕО)Дамјан најомилен кај своите млади фанови

Please follow and like us:
Pin Share

Дочекот на Новата година во еден угостителски објект во Прилеп беше навистина незаборавен со настапот на младото големо  музичко име од естрадата Дамјан Стојаноски во придружба со незаменливиот музичар Гоце Костовски Пејак.

Имено, двете новогодишни  ноќи како на дочекот на Новата година така и на втората новогодишна ноќ Дамјан навистина направи да се бара место повеќе во локалот, како и немаше човек од најразчилна возраст кој не стана да игра на неговите песни, а најповеќе на неговиот голем хит “Тешко мина докторе” кој го препејуваше и по неколку пати во текот на својот настап.

 

Она што остави најголем впечаток се неговите најбројни фанови од најмладата публика, кои и тоа како го знаат неговиот голем хит, а повеќето пројавија интерес и желба да го отпеат заедно со него. На снимката се гледа дека Дамјан е најомилен кај своите млади фанови кои ги учат неговите песни, но и го обожаваат како големо музичко име на македонската сцена, кој зад себе има големи успеси, но и понатака му претстои блескава иднина.

Секако бројни беа и неговите обожаватели од понежниот пол но  и повозрасните кои не ја пропиштаа можноста да се фотографираат со него.

Gepostet von Vesna Bastovanska am Mittwoch, 2. Januar 2019

 

Please follow and like us:
Pin Share