
По само една недела откако официјални излезе видео записот за најновата песна на Мухи, “Не останувам во овој град”, спотот е доста посетуван на Ју Тјуб.
Дополнително на тоа откако Мухи го сподели готовиот производ на својот фејсбук профил, доби лавина од позитивни коментари, како за текстот на песната која е балада, така и големи честитки за реализираниот спот.
Респект, секоја чест, продолжи само така , вистински хит мејкер, се само дел од низата позитивни коментари и критики упатени од неговите пријатели и фанови на неговиот фејсбук профил. Впрочем како што и сам изјави во своето интервју Мухи, очекувањата од видео записот се големи но тоа ќе го остави најанпред да го каже публиката и неговите фанови.
-Со оваа песна сакав само да покажам дека повторно се враќам во шините. Дека ќе стартувам со мојата музика и понатака за следните планови нека остане како мало изненадување, кратко вели Мухи.
Неодамна Мухи имаше музички настап во познат локал во Штудгарт. Тој не застанува тука најавува и други музички новитети и настапу ширум Европа.