Летниот одмор ми помина многу напорно, низ смеа истакнува фолкерката Елена Јовческа, која буквално како што вели секој летен ден и беше работен. Таа беше максимално ангажирана со бројни настапи ширум нашата земја.
-Летниот одмор беше многу напорно, заттоа што имав многу работа, меѓутоа како што кажав не се плашиме од многу работа, битно е да се задоволни сите и тоа успеав да го направам. Имав одличен период, вели Јовческа.
Ако се има предвид фактот дека од седум дена, Елена имаше само два до три дена слободни , таа ја открива тајната на нејзиниот одмор, како се полнат батериите за повторно да биде во форма на секој нејзин настап и да изгледа беспрекорно.
-Кога заврши месец август , каде што бев преизморена, ако и кажам дека три дена седев дома никаде не излегував. Буквално три дена спиев, јадев, слушав тивка музика на телефон, буквално тишина, додава Елена.
Инаку во периодов од есенскиот дел, Елена веќе е повторно надвор од нашата земја, на турнеја при што истото ќе следува и за Новогодишните празници, по што во следната година најавува новитет на музички план.